Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД Е ОДГОВОРНА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА КОЈА СЕ ГРИЖИ ЗА ПРАВАТА НА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ
Untitled Document

Денес, во просториите на општина Охрид, беше остварена работна средба помеѓу градоначалникот Никола Бакрачески и дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацоски.

На средбата беше разговарано за неколку аспекти за функционирањето на Локалната самоуправа и спроведувањето на обврските и задачите на јавната администрација која што работи во рамките на Локалната самоуправа. Посебен акцент беше ставен на отстранувањето на сите можни влијанија, притисоци и уцени врз државната администрација кои што би можеле да настанат, под претпоставка дека би можеле да настанат во текот на изборниот процес.

Сите страни треба да создаваат услови за еден фер и демократски изборен процес, вклучувајќи ја и заштитата на правата на вработените во јавната и државната администрација да постапуваат според својата слободна волја. Морам да кажам дека тоа важи за сите вработени во Локалната самоуправа и јас како градоначалник, како прв човек на Локалната самоуправа уште еднаш ќе напоменам дека една од карактеристиките на овој состав на Локалната самоуправа е тоа што споредени со некои претходни состави, оваа Локална самоуправа меѓудругото се грижи и за заштита на вработените односно на јавната администрација во делот на нивните права и обврски кои произлегуваат од Законот за државна администрација и секако во делот на работниот процес, но и во заштита на државната администрација за да биде ослободена од било какви уцени и притисоци кои што би можеле да настанат во текот на изборниот процес или во предизборната кампања, истакна градоначалникот Бакрачески, кој додаде дека оваа Локална самоуправа наметна нов стил на работа, која не ги дели луѓето на партиска припадност и дека во текот на работното време е ирелевантно кој од која политичка провиненција доаѓа, а она што е важно е само доследното и ефикасното спроведување на нивните работни задачи и обврски кои што произлегуваат од описот и пописот од работното место кое што го добиле според систематизацијата за работа и тоа е единствен критериум врз кој што вработените во јавната администрација се оценуваат, наградуваат или според кој што се назначуваат.

На новинарско прашање кое се однесуваше за одделението кое е сместено во административните простории во Косел, градоначалникот Бакрачески рече,

Што се однесува на одделението во Косел, кое што функционира во рамки на Локалната самоуправа односно во поранешните простории на општина Косел, можам да кажам дека со ништо не заостануваат од условите кои што во овој момент ги имаат останатите вработени кои што се сместени во сегашните простории на општина Охрид. Значи, не велам дека работните услови неможат да бидат подобри, сепак ние се грижиме тие услови да ги унапредуваме. Од тие причини оваа Локална самоуправа мошне интензивно работи на изградбата на новата административна зграда која што се надеваме ќе обезбеди подобри работни услови за сите. Најодговорно тврдам дека условите во Косел, не се ништо полоши од оние услови кои што ги имаат вработените во старата зграда на општина Охрид.

Целта на оспособувањето на административните простории во Косел е да им се излезе во пресрет на жителите кои што живеат во тој регион.

Тоа се вработени во општина Охрид кои што извршуваат одредени работни задачи и за да бидат поблиску до граѓаните кои што конвергираат кон Косел бидејќи тоа се населени места кои што се одалечени од градот Охрид и не случајно според систематизација во тие простории функционираат вработени односно јавна администрација која што најсоодветно би одговорила на барањата и потребите на граѓаните на тој дел од општината. Вработените во Косел се распоредени според она што ние сметаме дека е најнеопходно за да бидеме поблиску до граѓаните во тој регион, значи во рамките на тоа одделение се вработени, државни административци кои што обавуваат задачи од областа на менаџирање со отпад и регионални депонии, има двајца архивари, еден курир и има еден претставник од одделението за месни заедници, така да не држат размислувањата на некој поедини структури во градот дека се работи за некоја “казнена експедиција“. Повторно ќе нагласам дека ние се грижиме за нашите вработени, создаваме услови, кои што ќе ги подобрат стандардите за работа на било кој вработен, не само за вработените во зградата во Косел и затоа реков интензивно работиме на завршување на работините активности кои што на сите вработени ќе им создадат подобри и поадекватни услови за работа и ќе овозможат поефикасно и порационално работење на вработените, рече градоначалникот Бакрачески.

Работењето на Локалната самоуправа за обезбедување на фер и демократски услови претставува императив.

Мојата надлежност како градоначалник е да обезбедам подеднакви услови за сите вработени согласно позициите кои ги имаат и работните места кои ги имаат согласно систематизацијата за работа. Претпоставувам дека нема граѓанин на Охрид или вработен во државната администрација или во јавните претпријатија кој што може да се пожали на некој пристрасен однос на градоначалникот, ниту на било кој од мојот раководен тим во однос на спроведувањето на нивните професионални работни задачи и можам да кажам дека од тој модел ние не отстапуваме и ќе продолжиме да функционираме на тој начин, максимално водејќи грижа за сите вработени подеднакво без разлика на нивната партиска, политичка, идеолошка определба, без разлика на верските и националните или било какви разлики меѓу нив и тоа им е добро познато на граѓаните на Охрид. Што се однесува на наводите дека на вработените им се врши некаков притисок, конкретно на вработените во Охрид, навистина мислам дека недржи затоа што сметам дека треба да се слушаат двете страни да се разгледаат сите аспекти на нивните би рекол жалби по однос на одредени раководни лица, да се извадат сите факти или аргументи кои што водат кон тие наводи или обратно кои што ги демантираат таквите наводи за потоа да може да се извлече адекватен заклучок. Се разбира дека раководните лица во Локалната самоуправа исто според описот и пописот на работните задачи имаат обврска да ги спроведуваат програмите и плановите на Локалната самоуправа во законски утврдена постапка и нормално и од нив се бара да ги исполнуваат своите работни задачи. Раководењето со човечките ресурси е дел од успехот на Локалната самоуправа, изјави градоначалникот Бакрачески кој за крај упати апел до вработените, секој оној што смета дека на било каков начин е вршена уцена или притисок, или пак е неадекватно третиран согласно постоечката законска регулатива да се обрати во секој момент во кабинетот на градоначалникот, лично кај него или писмено да се обрати за да го извести градоначалникот дека има елементи за заплашување, уцена или неадекватен третман од страна на нивните претпоставени, односно раководни лица и дека градоначалникот секогаш после разгледување на сите аспекти на таквата проблематика ќе презема мерки кои што кореспондираат со позитивните законски прописи.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1379  пати
Објавено на: 18.11.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©