![](pictures/Laktive_april_485.jpg)
Во pамките на европскиот проект LAKtive Tourism и имплементацијата на заедничките проектни активности, претставници од Општина Охрид од Секторот за туризам и локален економски развој и од туроператорот Виспој од Охрид беа во работна посета на Блед, Словенија.
![](pictures/Laktive_april_4853.jpg)
Покрај состанокот на проектните партнери, претставниците од Охрид вклучени во проектот остварија средба со Градоначалникот на Општина Блед, Јанез Фајфар и Директорот на градската управа на Општина Блед, Матјаж Берчон. Делегацијата од Охрид присуствуваше и на свеченоста по повод прославата на денот на Општина Блед.
Градоначалникот на Општина Блед и неговиот тим изразија посебно задоволство од присуството на Општина Охрид во Блед и се разговараше за можностите за унапредување на соработката помеѓу Охрид и Блед.
![](pictures/Laktive_april_4851.jpg)
Делегацијата од Охрид, имаше и работни средби со претставници од Туристичката заедница од Бохињ и Инфоцентарот од Туристичката организација од Блед.
Активностите на проектот LAKtive Tourism продолжуваат во Охрид во периодот од 4-8 Мај 2017 год. со реализација на проектната активност Пилот Тест во Охрид. Во Охрид ќе престојува поголема група од туристи сениори од европските проектни партнери, како и неколку Градоначалници од Европската мрежа на езера.
Проектот LAKtive Tourism е од COSME Програмата на Европската Унија –LAKtive Tourism и претставува Европски партнерски проект од повеќе европски земји од Европската Мрежа на Езера
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Laktive_april_4852.jpg)
- Главната цел на Проектот е продолжување на туристичката сезона со целна група сениори. Со Проектот ќе се креира на туристичка понуда за целна група сениори (55 +) и престој во Охрид вон главната сезона, како и креирање на специфични туристички производи прилагодени за целната група на пректот. (неколкудневни аранжмани кои ќе се продаваат на европскиот туристички пазар со цел привлекување на гости и туристи во ниска и средна сезона, а со самото тоа и за продолжување на туристичката сезона во Охрид).
- Со овој проект Охрид се промовира во пошироки европски рамки, на нови европски пазари и ќе се креираат конкретни туристички производи базирани на светското културно и светското природно наследство на Охрид, а притоа ќе се користат европски средства за нивна реализација.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Laktive_april_4854.jpg)
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Laktive_april_4856.jpg)
Извор: www.ohrid.gov.mk |