Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВАСИЛИЧАРСКИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКАТА “ЈАСНА РИСТЕСКА“
Untitled Document

Со василичарски оган   и барање паричка  во погача, најмладите од детската градинка “Јасна Ристеска“, претпладнево се приклучија во одбележувањето на Православна Нова Година- Василица.   
По тој повод општина Охрид со василичарски пакетчиња за сите згрижени деца во градинката се приклучи во одбележувањето на празникот.
Заменик  градоначалникот Ангел Јанев , посакувајќи им добро здравје и весело  детство на најмладите рече дека традицијата мора да се негува од рана возраст и на тој начин да се пренесува од генерација на генерација

- Локалната Самоуправа ги поздравува сите иницијативи кои детската градинка “Јасна Ристеска“  ги реализира а во кои децата се главниот сегмент, рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.

На денешното случување проследено со музички хепенинг две девојчиња беа најсреќни , тие ги најдоа посакуваните парички за среќа.  
Со ваквиот пристап на одбележување на Православна Нова Година, детската градинка Јасна Ристеска  сака  да укаже  дека традицијата мора да се негува од мали нозе.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1230  пати
Објавено на: 14.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©