Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА УРЕДУВАЊЕТО НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА
Untitled Document

Секторот за комунален развој, сообраќај и улици при Општина Охрид, ноќеска на полноќ започна со  најавеното   уредување   на хоризонталната сообраќајна сигнализација односно  бојадисување  на осовинските линии и пешачките премини.

Се  започна од Булевар  “Туристичка“ на влезот во Охрид од кај т.н. Петља. Акцијата траеше до 6 часот утрово.
Уредувањето на хоризонталната сигнализација  продолжува наредниве денови исто  така во вечерните часови кога е намален интензитетот на сообраќај   на улиците,“Македонски просветители“, “Димитар Влахов“,“ Партизанска“ и “Јане Сандански“.
 Акцијата се спроведува согласно годишното одржување на патиштата и истата е соодветно обележана.

 По тој повод надлежните од општина Охрид  апелираат до охриѓани во текот на овие две недели колку и што ќе трае уредувањето   во вечерните часови да се воздржуваат од паркирање на своите автомобили на горенаведените улици   со цел истата да се реализира  непречено.    

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1302  пати
Објавено на: 24.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©