Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НОВ ВОДОСНАБДИТЕЛЕН СИСТЕМ ВО СЕЛОТО ЕЛШАНИ
Untitled Document

Нов резервоар за вода со капацитет од 100 метри кубни и  нова водоводна мрежа во должина од 2 200 метри  ќе добие селото Елшани.   Денес Градоначалникот Никола Бакрачески направи увид на  градежните активности за  изградба на  резервоарот кои веќе се во тек.  

-Новиот резервоар за вода значи крај  на долгогодишниот проблем со кој се соочуваа мештаните  односно  недостаток на вода и слаб притисок особено во летниот период од годината. По изградбата на резервоарот ќе се изгради  и  нова водоводна мрежа со должина од 2 200 метри.  Тоа би подразбирало дека старите и дотраени инсталации кои во изминативе години беа подложени на дефекти и попречување во водоснабдувањето ќе бидат заменети со нови. За таа цел старите салонитни  цевки  ќе бидат заменети со нови полиетиленски со внатрешен дијаметар од 110, 90 и 63 милиметри, потенцира Градоначалникот.

Од месната заедница од Елшани изразија задоволство што Општина Охрид помогна  во решавање на   долгогодишниот проблем со   водоснабдувањето.

- Елшани, е едно од поголемите населени места во Охрид со  околу 700   жители  кои  долги години  имаа проблеми со водоснабдувањето  и се соочуваа  со честите дефекти на  старата и дотрајана водоводна мрежа.  Прв пат по долги години општината се одзва  на нашето барање, истакна претседателот на Месната Заедница Игор Шопоски.

По објавениот јавен оглас за најповолен  изведувач беше избрана градежните  фирмата“ Бокоп“  од Струга.  Рокот за изведба на градежните работи е околу 3  месеци.
По изградбата на новиот  резервоар, ќе биде реконструиран и стариот кој речиси е дотраен а во функција е ставен во далечната 1974 година, и во моментов работи со капацитет од  само 50 метри кубни вода.

Исто така Општина Охрид има предвидено изградба на пумпа кај изворите  со цел жителите да имаат непречено  и постојано вода во сите периоди од годината.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1317  пати
Објавено на: 22.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©