Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД БЕШЕ ПРЕТСТАВЕН НА ТУРИСТИЧКИОТ САЕМ ВО ИЗМИР
Untitled Document

Општина Охрид, преку Секторот за туризам и  локален економски развој за првпат учествуваше нa Меѓународниот саем за туризам во Измир, Република Турција. Во соработка со претседателот на кластерот за туризам „ ЕДЕН“  Ружди Муфти и Туристичката агенција „ КОШУКАВАК“  од Турција беше  промовирана  туристичката понуда на  Охрид и неговата околина  како и поширокиот регион. 

Статистичките податоци покажуваат дека постојано се зголемува бројот на гости од Република Турција кои го посетиле Охрид. Од почетокот на годинава до крајот на месец јули  Охрид го посетиле над 12 000 турски туристи, податок кој укажува на потребата за поинтензивно  промовирање на туристичката понуда и на воспоставување на поблиска соработка со турските партнери не само во областа на туризмот туку воопшто во општествените и економските односи. 

Голем број од денешните туристи се потомци на турски семејства чии корени се трајно врзани за нивните родни краеви во Охрид и во поширокиот регион.  Секој сака да го види родниот крај или да се запознае со краиштата од каде потекнуваат неговите претци. Интересот за посета или престој во Охрид како туристички центар е се поголем  во цела Турција, а посебно во Црноморскиот регион. 

Во склоп на саемските активности, пред бизнис елитата на туристичката комора на Измир, беше промовирана и брошурата „ ИНВЕСТИРАЈ ВО ОХРИД “ преку која беа презентирани и разгледани можностите за инвестирање во Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1259  пати
Објавено на: 11.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©