Денес во Општина Охрид се одржаа координативен состанок на менторката Марија Ристеска за воведување на родов пристап во локалните политики и буџет, од телото на Обединетите Нации за родова еднаквост – US Women, со општинскиот координатор Татјана Палоска и советничките Рената Арнаудова и Еленора Куноска од Комисијата за еднакви можности. На состанокот присуствуваше и Кети Росиќ од Секторот за ТЛЕР.
![](pictures/15_12_2017_1.jpg)
На состанок беше договорено дека на една од наредните седница на Советот на Општина Охрид, ќе биде формирана Интерсекторска група за родово одговорно креирање на политики и буџет, во рамките на локалната самоуправа.
Денешниот работен состанок е операционализирање на воспоставената соработка од август оваа година, кога беше потпишан Меморандумот за соработка. За успешно реализирање на овие активности веќе е изработена Програма за работа за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2018 година.
![](pictures/15_12_2017_2.jpg)
|