Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЌЕ СЕ ПОДИГА КАБАСТ ОТПАД ОД „ ВОСКА“ И „ ДАЉАН“
Untitled Document

Јавното претпријатие"Охридски комуналец" ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 14.06.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во  У.З.4 „Воска„  и комплексот згради и куќи во населба „Даљан„.

Се информираат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е."Механизација" на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П."Охридски комуналец"  благовремено да го подигнат.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1302  пати
Објавено на: 13.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©