Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИНФОРМАЦИЈА ДО ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЧЕЛАРИ
Untitled Document

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје - Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство во  сабота на 16 септември  2017 год.ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци ( аеросолна адултицидна дезинсекција )

Запрашувањето  ќе започне  во  6 часот  и ќе трае до  830 часот. Истото  ќе се одвива на површина од  1500 хектари  и тоа на крајбрежјето на потегот од  с. Подмоље до населба Св. Наум и на територијата на град Охрид.

Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на 16 септември (сабота) 2017 год. да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.

Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1395  пати
Објавено на: 13.09.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©