Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧИТАЊЕ, ИЗЛОЖБИ НА ФОТОГРАФИИ И УМЕТНИЧКИ СЛИКИ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ
Untitled Document

Во рамки на чествувањата, посветени на патрониот празник на градов, Св. Климент Охридски, доцна попладнево ,  спроти 8-ми декември во Националната Установа Библиотека “Григор Прличев“, за заштитникот на Охрид, пригоден текст  читаа актерите од Охридскиот народен  театар. Половина час подоцна во просториите на фестивалот “Охридско Лето“ беше отворена традиционалната  изложба на Фото клуб “Охрид“.

“Почитувани сограѓани, драги гости. Ми причинува големо задоволство да ја отворам 15-та по ред изложба на Фото клуб “Охрид“. Сите овие 15 години изложбите на фото клубот ги чувствував  блиски и сум сведок  колку многу ентузијазам во сиот тој изминат период издвојувале авторите на фотографиите, уште повеќе што изложбите се поклопуваат со празникот посветен на Св. Климент Охридски. Овој празник за нас охриѓани е значаен со еден посебен печат затоа што духовната прашина што Св. Климент ја оставил на овие простори пред повеќе од 10 века, секогаш се материјализирала во уметност: луѓето сликале фрески, цртале икони резбале во дрво. Денес ги имаме новите технологии и начини на уметност. Секое уметничко дело никнато на овие простори е Свети климентова духовна прашина“, истакна претседателката на Совет , Гордана Коњаноска која ја прогласи изложбата за отворена.

Половина час подоцна пред бројната публика во НУ Центар за Култура беше отворена традиционалната изложба на родно крајни ликовни уметници.   

Чествувањата посветени на Св. Климент Охридски продолжија доцна во ноќта.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1290  пати
Објавено на: 07.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©