Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НИЗА СВЕЧЕНОСТИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА
Untitled Document

Во очи на празникот, Денот на македонската револуционерна борба, Локалната самоуправа организира низа свечености со кои достојно ке биде одбележан 23. Октомври.

Утре,во 11 часот во просториите на ОУ „Живко Чинго“, градоначалникот Бакрачески свечено ќе ги пушти во употреба просториите на детската градинка ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во Велгошти.

Во 13 часот со пригоден збор на градоначалникот Никола Бакрачески и културно- уметничка програма ќе биде збогатено чествувањето на Денот на македонската револуционерна борба.

На 23. Октомври делегација на општина Охрид ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на македонските револуционерни борци во градскиот парк, а празнувањето ќе заврши со велосипедската кружна трка со стартот пред хотелот Палас на Кејот Маршал Тито.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1246  пати
Објавено на: 21.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©