Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ТУРИЗМОТ ЗА 2018 година
Untitled Document

Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид за 2018 година, Општина Охрид на 01.02.2018 објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ТУРИЗМОТ ЗА 2018 година

Кандидати кои можат да аплицираат се здруженија на граѓани, месни и урбани заедници и даватели на услуги во руралниот туризам со седиште во општина Охрид како матична општина каде и ќе се спроведуваат проектните активности.

  • Начини на пријавување и процедури коишто треба да се следат:

Заинтересираните мора да ги поднесат своите предлози користејќи го формуларот за пријавување којшто е достапен на http://www.ohrid.gov.mk.
Комплетната проектна документација треба да ги содржи следниве документи:

- Пополнет „Апликационен формулар со буџет“ – кој е објавен на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk;
- Копија од тековна состојба на правниот субјект од Централниот регистар на Р. Македонија и
- Електронска верзија на проектниот предлог доставена на CD.
- Проектната документација треба да биде доставена во еден (1) примерок во оригинал и две (2) копии.

Крајниот рок за прием на пријавите е 02.03.2018 година до 16 часот. Пријавите кои ќе пристигнат по завршувањето на крајниот рок ќе бидат автоматски одбиени
Целосната документација да се достави на следната адреса:

ОПШТИНА ОХРИД
Сектор за туризам и ЛЕР
ул. Димитар Влахов бр.57
6000 Охрид
со назнака:
“Ј А В Е Н П О В И К –
ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА
ОДРЖЛИВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ТУРИЗМОТ ЗА 2018 г.

Подетални информации за условите за аплицирање се дадени во Упатството за аплицирање на проекти за Г1 и Г2 Програма. Пред да го пополните Апликациониот формулар Ве молиме внимателно да го прочитате Упатството бидејќи апликацините формулари кои не ги содржат сите потребни податоци и кои не се во согласност со условите, нема да бидат земени за оценување.

За сите зaинтересирани апликантни дополнително на општинската веб страница ќе биде објавена информација за одржување на информативна сесија за овој повик.

Напомена: Правото за аплицирање месните и урбаните заедници ќе можат да го остварат преку заедничка соработка со здруженија на граѓани изразена преку меморандум или договор за соработка на проект.

Барањето за користење на средства од оваа програма и доставената документација НЕ СЕ ВРАЌААТ. Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Комисијата на Секторот за туризам и ЛЕР, потребно е барателот да има кај себе копија од целокупната документација доставена на јавниот повик.

Подетални информации на контакт тел. 046 230 175 или на контакт е-маил адреса: info@ohridler.gov.mk

Прочитано:  1526  пати
Објавено на: 31.01.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©