Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА ОХРИДСКИОТ ХОРСКИ ФЕСТИВАЛ
Untitled Document

Десеттиот јубилеен Охридски хорски фестивал, синоќа започна во кристалната сала на хотелот „ Инекс- Горица“. На фестивалот што се организира со поддршка на општина Охрид, се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев.


-Сите Вие сте од различни земји, но зборувате единствен јазик, јазик на   музиката и културата.Ви посакувам вашата песна и музика, вечерва и во следните денови, како и секоја година да остават трага во охридската и македонската културна сегашност-
рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.


На фестивалот настапуваат 26 хорски ансамбли од Македонија, Полска, Русија, Србија, Романија, Чешка, Босна и Херцеговина, Белорусија,Кипар и Турција.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1386  пати
Објавено на: 25.08.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©