Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ ШЕЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Советот на општина Охрид, на денешната седница ги усвои предложените програмите за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2017 – 2018 година, за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2017  година, за изработка на урбанистички планови на територија на општина Охрид за 2017 година, за финасиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2017 година, за заштита на животната средина и природа за 2017 година, за одржување на јавна чистота за 2017 година, за одржување и користење на паркови и зеленило за 2017 година, за управување со отпад на општина Охрид за 2017 година, за спорт и рекреација за 2017 година, за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2017 – 2019 година, за детска заштита за 2017 – 2019 година,  за социјална заштита за 2017 година, за културни манифестации и творештво за 2017 година, за одбележување празници и манифестации во 2017 година, за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2017 година, за работа на Советот на општина Охрид за 2017 година, за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2017 година, за други комунални услуги за 2017 -2019 година, за енергетска ефикасност за 2017 година, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2017 – 2019 година, за изградба на системи за водоснабдување за период 2017 – 2019 година, за јавно осветлување за 2017 – 2019 година, за одржување и заштита на локалните патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2017 – 2019 година, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадните води за 2017 – 2019 година, за изградба на сообраќајна сигнализација за 2017 – 2019 година, за уредување на градежно земјиште. На денешната седница беа донесени и буџетот на единицата на локалната самоуправа Охрид за 2017 година, беше утврдена вредноста на бодот на платите на државните службеници за 2017 година и одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2017 година.

Исто така беа донесени и програмите за тековно работење на Јавните претпријатија, МЈП „Проаква“,  ЈП „Нискоградба“, ЈП „Градски пазар“, ЈП „Охридски Комуналец“, ЈП „Градски гробишта“, ЈП „Билјанини извори“ и беше донесена одлука за исплата на долгот на ОУ „Григор Прличев“ Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1370  пати
Објавено на: 23.12.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©