Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НАСТАВНИЦИ ОД ОУ „ ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ВО ЕДУКАТИВНА ПОСЕТА НА ОУ „ ПЕСНИЦА“ ОД МАРИБОР
Untitled Document

Во периодот од 14-18 март оваа година, наставници од ОУ ,, Григор Прличев", предводени од директорката Силвија Мојсовска го посетија ОУ  ,, Песница" во градот Марибор, Република Словенија. Оваа средба е од меѓународен карактер  и беше организирана од ОУ  ,, Песница" за соработка со училиштата ОУ ,, Григор Прличев" ОУ ,, Јован Поповиќ" од Белград и истоименото училиште од Крушевац, Република Србија.



Во рамките на оваа едукативна посета , наставниците имаа можност да ги согледаат сличностите и разликите во воспитно- образовните процеси на двете земји. Преку директна посета на часовите организирани од тамошниот наставно-стручен кадар, нашите наставници разменуваа идеи и разговараа за искуствата кои словенечките наставници ги стекнале при посета на училишта во Финска, Португалија и Јужна Кореја, а со цел имплементирање на истите во нивната секојдневна настава.


Она што доминира во словенечкиот образовен систем е умешноста на учениците да го развијат критичкиот став кон она што го учат. Преку најнови наставни техники и методи и со користење на современи наставни помагала, тие сами доаѓаат до суштината на индуктивното мислење наспроти фронталната настава. Оваа посета е почеток на низата средби и соработки помеѓу овие училишта кои ќе се остваруваат и во иднина.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1385  пати
Објавено на: 20.03.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©