Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РК „ОХРИД“ ЗАСИЛЕН СО СЕДУМ МЛАДИ РАКОМЕТАРИ
Untitled Document

Ракометниот клуб „Охрид“, денеска, се засили за уште седум млади играчи. Наум Костов, Николче Ристески, Мартин Иваноски, Кристијан Димитриески, Јован Трајкоски и Михаил Иваноски се ракометарите којшто потпишаа четиригодишни договори со клубот. Сите тие доаѓаат од младинската екипа на клубот.

  • Сакам да им честитам на седумте ракометари кои потпишаа четиригодишни договори и да им посакам многу среќа оваа сезона и следните кои престојат. Нив им останува да се фокусираат во тренирањето и играњето ракомет, а ние продолжуваме по зацртаниот пат кој го ветивме. Сениорската екипа ја формиравме со домашни играчи и две странски засилувања кои ни беа неопходни. – изјави Горан Недески.

Подготовките на ракометарите за претстојната сезона течат според планот, а предвидено е во наредниот период да одиграат и неколку контролни натпревари.

Прочитано:  521  пати
Објавено на: 22.08.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©