Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВЕЧЕР НА ЖИВКО ЧИНГО
Untitled Document

Вечерва во атарот на црквата Св. Петка пред спомен обележјето на Живко Чинго  во село Велгошти ќе се одржи традиционалната културна манифестација, „Вечер на Живко Чинго“.

Во рамки на случувањето предвидено е обраќање на претставник од општина Охрид по што ќе биде врачена наградата “Живко Чинго“ на авторот на  најдобриот расказ по претходен конкурс објавен од општина Охрид. Беседа за великанот ќе одржи проф. д-р Катица Ќулафкова, а е предвидена и културно –уметничка програма.

Организатори на настанот се општина Охрид и МЗ Велгошти.

Почетокот  е закажан за 20 часот.

Прочитано:  397  пати
Објавено на: 13.08.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©