Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
39-ТИ МАЛ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН ВО ОХРИД

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, денеска  заедно со бројни охриѓани и гости од земјава и странство  ги  пречека на целта кај градското пристаниште пливачите кои учествуваа на Малиот пливачки маратон што по традиција се одржува во водите на Охридското Езеро на националниот празник Илинден.

Градоначалникот Стојаноски ги додели пехарите на севкупниот победник во машка конкуренција, Стефан Цветкоски и на најмладиот учесник во трката, Василиј Топалоски. Севкупен победник во женска конкуренција беше Јана Милкоска. 

Пливачката патека долга 2,5 километри  годинава  ја препливаа 30-ина  маратонци  од Македонија, Канада, Америка и Германија чиј старт беше од пред некогашниот хотел Парк.

Натпреварувачите на Илинденскиот пливачки маратон се поделени во две возрасни категории, од 10 до 16 години и од 16 години и постари.

Годинешното издание на Илинденскиот маратон е  39-то по ред.

Прочитано:  576  пати
Објавено на: 02.08.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©