Ученичката Викторија Алексиоска од ОУ„Кочо Рацин“-Охрид, е добитник на
првата награда на литературниот конкурс кој по повод Струмичкиот
карневал го распиша библиотеката „Благој Јанков- Мучето“ од
Струмица. Конкурсот беше анонимен, односно се учествуваше под шифри а
наградите беа поделени во три категории за ученици од основно, средно
образование и возрасни.
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/prvonagradena_400.jpg)
Во знакот на Карневалот наградените ученици при доделувањето на наградите
кое се случи на 19-ти овој месец носеа и маски . Дел од песните
беа со хумористична содржина и изведени на дијалект што придонесе целата
атмосфера да биде забавна.
Ученичката Викторија Алексиоска првата награда ја понесе под менторство на
наставничката Наташа Неданоска.
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/prvonagradena_4001.jpg)
Директорката на струмичката библиотека, Тања Гошева, искажа голема
благодарност за учеството, а уште поголемо беше задоволство за присутноста
на учениците, менторите и делегациите од нивните училишта.
Извор: www.ohrid.gov.mk |