Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ЈА ДОБИ MK GUIDE АПЛИКАЦИЈАТА
Untitled Document

Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) од Скопје во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид ја изработија апликацијата “MK Guide”, која бесплатно беше дадена на Општина Охрид. Оваа апликација содржи многу културни знаменитости и други информации со кои посетителите подобро и полесно ќе можат да го запознаат градот.

Откако корисниците ќе ја снимат оваа апликација во својот мобилен телефон, со насочување кон објектот пред кој се наоѓаат тие ќе добијат повеќе информации за неговата историја и неговото значење.

Оваа апликација им помага како на домашните, така и на станските посетители полесно да ги откријат и да ги запознаат убавините и знаменитостите на Охрид. Таа може да се превземе од Google продавницата за апликации за Android системи, а низ градот ќе бидат разделени и флаери со QR код кој води дирекно до местото од каде може да се превземе.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1347  пати
Објавено на: 31.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©