Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДОМАЌИН НА КОШАРКАРСКИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА
Untitled Document

ЈП Билјанини Извори после официјалната одлука на Кошаркарската Федерација на Македонија со особено задоволство ги информира граѓаните на Охрид дека овогодинешниот Куп на Македонија во кошарка ќе се одржи од 6 до 9 февруари во спортската арена Билјанини Извори. Со одлуката на КФМ спортската арена Билјанини Извори и ЈП Билјанини извори го продолжуваат континуитетот на домаќини на големи  спортски настани.

Кошаркарскиот Куп е уште едно признание за менаџментот на претпријатието, се со цел СРЦ Билјанини Извори и градот Охрид да постанат македонски центар на сите големи спортски настани. Одличната соработка со кошаркарската федерација, веруваме во иднина и со другите поголеми федерации, ќе допринесат за што побрз развој на спортот во нашиот град на задоволство на сите нас. Спортот, спортските настани, спортските идоли се сегашност и иднината на Охрид и ние како претпријатие секогаш ќе работиме во интерес на тоа, во интерес на спортистите и сите граѓани на Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1248  пати
Објавено на: 22.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©