Во рамките на посетата на Република Македонија, Претседателот на Република Полска Бронислав Коморовски и неговиот домаќин, македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов , заедно со градоначалникот Никола Бакрчески, денеска ги посетија најважните културно- историски споменици во Охрид.

Градоначалникот Бакрачески, средбата со високите гости и членовите на делегациите, ја искористи да ги запознае со богатата историја на древниот Охрид, но и со потребата за континуирана заштита на споменичното наследство и неговата презентација пред светската јавност.

Извор: www.ohrid.gov.mk
Фотографија: Александар Ковачески
|