Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД- ГРАД ПАРТНЕР НА ВТОРИОТ МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ВИНО И ТУРИЗАМ ,,ЖУПА 2013’’ ВО АЛЕКСАНДРОВАЦ-Р. СРБИЈА
Untitled Document

Во рамките на вториот меѓународен саем за вино кој се одржа на 07-08. 06. 2013 во организација на Оштина Александровац, и оваа година Општина Охрид учествуваше како проект партнер.  
На саемот Општина Охрид ja представи богатата туристичка понуда,  квалитетните вина на локалните винарии, како и дел од вкусните и мајсторски приготвени специјалитети на домашните производители на прехрамбени производи.

Представниците на Општина Охрид со представници на Општина Александровац, разменаа Меморандум за соработка и партнерство, со цел поттикнување на меѓусебната промоција на туризмот и услугите како и унапредување на деловната соработка помеѓу локалните стопанственици.

Вториот ден од саемот беше наменет за посебна промоција на Општина Охрид во рамките на која градот Охрид беше промовиран пред присутните гости.  За време на дегустацијата на вината која побуди голем интерес кај гостите на саемот, на  билборд беа представени убавините на нашиот град.
Oд страна на бројните туроператори, туристички агенции и новинари присутни на саемот беше пројавен голем интерес за богатата туристичка понуда како и за квалитетните вина на локалните винарии од Охридскиот регион.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1237  пати
Објавено на: 10.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©