Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНАТА ЌЕ ПОДДРЖИ НИЗА КУЛТУРНИ СЛУЧУВАЊА ВО ОХРИД
Untitled Document

Со цел да се укаже на значењето на културните вредности  кои се наша  придобивка  и како такви  мора  да ги негуваме,Општина Охрид и годинава  застанува односно  финансиски поддржува  низа културни манифестации кои  се  одржуваат во Охрид.
Меѓу културните настани кои  во наредниов летен период  не очекуваат а зад кои застанува Општина Охрид се,културно забавното лето во Трпејца “На зајдисонце“, традиционалната вечер на Живко Чинго, фестивалот на ново компонирани народни песни “Песна на летото“ , Поетската ноќ во Велестово , Илинденскиот марш , фестивалот “Охридски Трубадури“  , Фестивалот на духовна музика и хорови “Св. Климент Охридски“, Охридскиот хорски фестивал, изложбата на академскиот сликар Славко Упевче ,“Исчезнатиот Охрид“ како и други уметнички изложби. 

 Локалната самоуправа финансиски ќе поддржи и  други културни проекти кои треба да се реализираат  во текот на 2014 година а меѓу нив се годишните концерти на родно крајни ансамбли на народна музика, меѓународниот проект “Млади музика спорт“. Општината ќе застане и зад електронската монографија  за Охрид која е   проект на продукциската куќа “Трето уво“,ќе даде поддршка и за документарниот филм “Поет на мал народ“, а ќе учествува со свои средства и во проектите за заштита и конзервација на икони.

Изминатиов период  Општината го помогна реализирањето на фестивалот на народни песни “Спасовден“,  а придонесе и во одржувањето на Францускиот филмски фестивал и “Охридско Лето“.

Секако, Локалнана самоуправа застанува и зад секој проект кој е дел од нејзината  годишна програма за култура.     

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1303  пати
Објавено на: 15.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©