Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИГРАЛИШТЕ ЗА ОДБОЈКА НА ПЕСОК СЕ ГРАДИ ВО ВОСКА
Untitled Document

Денес започнаа  градежните активности за  изградба на  спортското  игралиште за одбојка на песок во населба Воска. Игралиштето се наоѓа  во непосредна близина на теренот  за фудбал кај „Градска плажа“.

Изведувачи на активностите се јавните претпријатија  „Градски гробишта“ и   “Охридски Комуналец”. Работите се изведуваат по претходно изработен проект и одобрение за градба од локалната самоуправа. Игралиштето на песок  ќе биде  со  стандардни димензии 18 на 9 метри а  песок ќе се става и  на околниот простор   на  површина од 1,5 метар. Просторот ќе биде и хортикултурно уреден а ќе има и патека покриена со бехатон плочки во должина од 45 м и ширина од 1,5 м.  Игралиштето на песок  е ветување дадено од страна на градоначалникот Никола Бакрачески при неодамнешната  средба со жителите на Урбана Заедница Воска.

Проектот  се очекува да биде готов за две до три недели.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1316  пати
Објавено на: 14.04.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©