Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВРАБОТЕНИ ВО ОХРИДСКИТЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА НА ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО СКОПЈЕ
Untitled Document

Она што градоначалникот Никола Бакрачески  го вети пред јавноста во однос на финансиска, кадровска и техничка поддршка за надминување на последиците од невремето кое минативе денови  ја погоди Македонија и скопскиот регион се исполнува. Групата  од 40 вработени од  охридските јавните претпријатија, „Нискоградба“, „Водовов“, „Градски Гробишта“, „Градски пазар“ и „Охридски комуналец“, којашто ја формира градоначалникот Бакрачески активно се вклучи во санирање на штетите од невремето. Охриѓани на терен  максимално ќе бидат вклучени  се додека има потреба од тоа.
Изминатиов период Градоначалникот Бакрачески беше во постојана координација и контакти со претставници од владиниот Кризен Штаб, со  ресорните министерства и со градоначалникот на град Скопје. По нивните укажувања за потреба од стручни лица формирана е група од пет лица, двајца градежни и еден хидро инженер и двајца архитекти кои ќе бидат на располагање на координативните тела и на владиниот Кризен Штаб.
Инаку, во текот на вчерашниот ден Општина Охрид и Градскиот Совет одлучија да доделат 300. 000 денари финансиска помош за општина Гази Баба која беше една од најоштетените општини во Скопје по невремето. Станува збор за еднократна првична помош, а зависно од потребата, можноста за донирање   дополнителни средства  ќе се разгледува дополнително.
Градоначалникот Никола Бакрачески и Општина Охрид и наредниов период максимално ќе бидат посветени и во рамки на своите ингеренции ќе се вклучуваат за помош на настраданите во Скопје.
Деновиве Охрид, пулсира со хуманитарен дух. Сите хумани охриѓани може активно да се вклучуваат во  акциите на Црвен Крст, да донираат флаширана вода, конзервирана храна и облека.
Во четврток Охрид ќе биде домаќин на хуманитарен концерт на фолк пејачката Елена Велевска и други уметници од македонската естрада. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1331  пати
Објавено на: 09.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©