Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БРОЈНИ ФУДБАЛСКИ ЕКИПИ СЕ ПОДГОТВУВАА НА ТЕРЕНИТЕ НА ЈП „ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“
Untitled Document

На терените на Спортско рекреативниот центар „ Билјанини извори“ во текот на месеците јануари и февруари се одржаа рекордни 27 фудбалски натпревари и 67 фудбалски тренинзи. Јавното претпријатие „ Билјанини извори“ беше домаќин на 11 македонски и 5 српски фудбалски екипи,  кои презадоволни од условите за тренинизи  и гостопримството на вработените  во спортскиот центар,си заминаа подготвени за идните спортски предизвици во своите фудбалски лиги.

Инвестирањето во фудбалската инфраструктура  во  Охрид се покажа како неопходно и оправдано не само за ЈП  „ Билјанини извори“ туку и за големиот број на хотели во кои престојуваат фудбалските екипи. ЈП „ Билјанини извори“  апелира посебно до хотелските субјекти поактивно да се вклучат во осовременувањето и изградбата на спортската инфраструктура бидејќи заедно во иднина можеме да бидеме домаќини на уште многу спортски екипи.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1371  пати
Објавено на: 15.02.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©