Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ДУП ЗА УЗ 8, УБ 8.3 (БЕЈБУНАР) ОПШТИНА ОХРИД, ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2014- 2019
Untitled Document

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10, 51/11,123/12 , 93/13, 42/14,  44/15, 129/15 и 39/16),Општина Охрид, на ден  11.07.2016 година, донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ ДУП за  УЗ 8,  УБ 8.3 (Бејбунар)  Општина Охрид, плански период 2014- 2019, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
  1. Одлуката  заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mk
  1. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена  и формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ  ДУП за  УЗ 8,  УБ 8.3 (Бејбунар),  Општина Охрид, плански период 2014- 2019, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето и изработувањето на планот е предвиден со Програмата за изработка на урбанистички планови за Општина Охрид, донесена од Советот на Општина Охрид во 2013год., а основ е постојниот ГУП за град Охрид.Со реализација на планскиот документ  се  предвидени следните класи на намени:А(домување), Б1(мали комерцијални и деловни намени), Б2 (големи трговски единици), Д2 (заштитно зеленило) и Е(инфраструктура).Во планскиот документ се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документ нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Исто така во планскиот опфат зеленилото се предвидува и во рамките на градежната парцела. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат.
  1. Против ова одлука може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1342  пати
Објавено на: 27.07.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©