Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
О Г Л А С Б Р. 02/2015 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА
Untitled Document

Врз основа на член 79-81 од Законот за градење („Сл.весник на РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13,163/13, 28/14,42/14, 115/14 и 149/14)  член 34 од Статутот на општина Охрид  и Одлуката за усвојување на годишната програма  за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2015 год. бр. 07-4189/44 од 30.12.2014 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр. 17/2014)  Градоначалникот на   Општина Охрид објавува:

О Г Л А С    Б Р. 02/2015
ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

ПРЕЗЕМИ ЈА ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

  • Општина Охрид издава локации за поставување на урбана опрема за комерцијално користење.
  • Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:
    • ПРОДАЖБА НА СЛАДОЛЕД  24 ЛОКАЦИИ;

Локациите за поставување на фрижидери  се  лоцирани по должина на Кеј „Македонија“, плоштад „Крушевска Република“ и левата  страна на пешачка улица кој води кон  месноста „Горица“ од парцелата за обука на вода.
На секој локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2015 година.

    • ПРОДАЖБА НА КНИГИ 4 ЛОКАЦИИ;

Локациите  за продажба на книги се наоѓаат на ул. „Македонски Просветители“ – тротоар на просторот помеѓу ТЦ „Амам“ и комплекс „Летница“.
Локација бр. 1 започнува од ТЦ „Амам“ према комплекс „Летница“.
Продажбата на книги ќе се извршува на унифицирани тезги од ЈП „Градски Пазар“ со димензии 2.00х1.00 односно 1.60х0,80.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2015 година.

    • ПРОДАЖБА НА СУВЕНИРИ  91 ЛОКАЦИЈА;

Локациите за продажба на сувенири се наоѓаат на поплочена патека помеѓу влезот во „Самоилова тврдина“ и комплексот „Плаошник“, Плоштад „Крушевска Република“ и левата  страна на пешачка улица кој води кон  месноста „Горица“ од парцелата за обука на вода и на други места во стариот дел од градот според графичкиот прилог.
Продажбата на сувенири ќе се извршува на унифицирани тезги од ЈП „Градски Пазар“ со димензии 2.00х1.00 односно 1.60х0,80.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2015 година.

    • ПРОДАЖБА НА УМЕТНИЧКИ СЛИКИ 8 ЛОКАЦИИ;

Локациите за продажба на уметнички слики се наоѓаат на ул. „Св.Климент Охридски“ површината помеѓу ТЦ „Амам“ и угостителскиот комплекс „Летница“.
Локација бр. 1 започнува од ТЦ „Амам“ према угостителскиот комплекс „Летница“.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2015 година.

    • ПРОДАЖБА НА ХРАНА 2 ЛОКАЦИИ;

Локација бр. 1 се наоѓа на улица „Климент Охридски“- Градски плоштад во непосредна близина на рибниот  ресторан.
Локација бр. 2 се наоѓа на улица „Цар Самоил“ во непосредна близина на Завод и музеј.
Локациите се од по 4 м2.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2015 година.

  • Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) денови. 
  • Почетна  цена за издавање на локација е:
  • локација за поставување на фрижидери за продажба на сладолед со почетна цена од 5.000.оо (петилјади) денари/месечно;
  • локација за продажба на книги на поставени тезги со почетна цена од 8.000.оо (осумилјади) денари/месечно;
  • локација за продажба на сувенири на унифицирани тезги со почетна цена 3.000.оо (триилјади) денари/месечно;
  • локација за продажба на уметнички слики со почетна цена од 8.000.оо (осумилјади) денари/месечно;
  • локација за продажба на храна со почетна цена од 14.000.оо (четиринаесетилјади) денари;

4.1 Почетната цена за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.
4.2 Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија и користење на унифицираната тезга.
4.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
4.4 Трошокот за комунална такса изнесува 7 (седум) денари од м2 дневно.
4.5 Договорите со најповолните понудувачи  за точка 2.1, 2.2, 2.3, 2.4 и 2.5 ќе се склучуваат за период од 90 (деведесет) денови.
4.6 Поставувањето на урбаната опрема ќе отпочне по склучување на договорот  и добивање на одобрение од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.

  • Доставување на понуди

5.1 Понуди можат да достават физички и правни лица регистрирани за вршење на дејноста наведена во точка 2 од овој оглас.
5.2 Понудувачот треба да достави:
Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на општина Охрид или на веб страната на општината www.ohrid.gov.mk
Уплатница на име депозит за учество на износ од 3.000.оо (триилјади) денари.
Уплатата се врши на следната сметка:

Трезорска сметка:  1000000063095
Уплатна сметка:  84015206553
Приходна шифра:  723914 Програма 00
                       
Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на РМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение (не постар од 6 месеци);
Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);
Понудите по точките 2.1, 2.2, 2.3, 2.4 и 2.5 да бидат со важност од 90 денови.
Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека учесниците кои ќе добијат локација  на јавното наддавање ќе биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.

  • Начин на доставување на понуда

Понудата треба да се достави во затворен коверт со назнака:
НЕ ОТВОРАЈ“  
Општина Охрид
Комисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за
издавање на времено користење на локации за поставување
на урбана опрема бр. 02/2015 
Дел: ______________ ,Локација бр.__________
(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува, на пример 2.1 продажба на сладолед, Локација бр. 5)
ул: „Димитар Влахов“ бр.57
6000 Охрид
Пример за адресирање на плик за достава на понуда:

„НЕ ОТВОРАЈ“
„Да не се отвора пред 26.05.2015 год.
15.00 часот.
Оглас бр.02/2015

Општина Охрид 
Комисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема бр. 02/2015
Дел: _______, Локација бр.__________
 (се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува)
ул „Димитар Влахов“ бр. 57
6000 Охрид  

Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на општина Охрид.
Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или гинење на истата. 

  • Начин на отворање

Понудите да се достават најдоцна до   26.05.2015 во 15.00 часот.
Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените понуди.
За денот и часот  на јавното наддавање учесниците ќе бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на општина Охрид..
За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за локација под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 5.2.

  • Предмет на јавно наддавање

Предмет на јавно наддавање е тримесечната конечна цена;

  • Склучување на договор

Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.
Пред склучувањето на договорот понудувачот е должен во целост да ѓи измири сите трошоци кои произлегуваат од договорот вклучувајќи ја и комуналната такса.

Увид на местоположбата на локациите, web страна на општина Охрид – графички прилог, огласна табла на општина Охрид  или секој работен ден од 15.00-16.00 часот во просториите на општина Охрид.

 

Комисија за спроведување на огласот за
прибирање на понуди за издавање на времено
користење на површини за поставување на
урбана опрема формирана со Решение бр. 09-6697/1 од 08.05.2015 год.

Виктор Апостолов         зам.претседател
Горица Гаврилоска       член
Ана Николоска               член

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1368  пати
Објавено на: 14.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©