Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ УЧЕНИЧКИ СТИПЕНДИИ
Untitled Document

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува
 
 

КОНКУРС
за доделување   стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2015/2016 година
 
 


 
 
          Општина Охрид за учебната 2015/2016 година ќе додели вкупно 80 ученички стипендии и тоа:

  • - 20 (дваесет) стипендии за талентирани ученици од VII,VIII и IХ  одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид ;
    - 20 (дваесет) стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови од VII,VIII и IХ  одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид;
    - 20 (дваесет) стипендии за талентирани ученици од II,III и IV година во општинските средни училишта, на подрачјето на општина Охрид  и
    - 20 (дваесет) стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови, од II,III и IV година во општинските средни училишта, на подрачјето на општина Охрид .


 
       I.            Услови за доделување стипендии
 
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во општинските основни  и средни училишта на подрачјето на општина Охрид, а ги исполнуваат следниве услови:


  •  
    1.      да се редовни ученици,
    2.      да освоиле награди за поединечно освоено I, II или III место на државен или меѓународен натпревар во областа на науката, техниката, културата и уметноста
    3.      да оствариле континуиран  одличен  успех во текот на школувањето од VI одделение па нагоре за основците и од I година па нагоре ,за средношколците
    4.      да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми.
     


 
    II.            Начин на пријавување
 
Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го  пополнат потребниот образец  за пријава поставен на интернет страната  www.ohrid.gov.mk.Истата може да се подигне и во Одделението за образование при општина Охрид
Со Пријавата потребно е да ги достават следните документи:


  • 1.      потврда дека е редовен ученик ;
    2.      фотокопии од свидетелствата;
    3.      фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на науката,техниката, културата и уметноста;
    4.      извод на родени (копија);
    5         потврда за висината на примањата на членовите на семејството на ученикот издадена од УЈП а за невработените членови на семејството на ученикот- потврда од  Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок; (оригинал)
     
    6        изјава потпишана од родител/старател дека доставените документи се вистинити и дека ученикот  не е корисник на друга стипендија или кредит од друга институција или фирма.Истата е објавена на интернет страната www.ohrid.gov.mk


 
 III.            Висината на стипендијата
 
Висината на стипендијата ќе изнесува 1500,00 денари месечно за девет месеци во текот на  учебната  2015/2016 година.
 
 
Рок на пријавување
 
Потребните документи кандидатите треба да ги достават  најкасно до 15.10.2015 година(четврток) на адреса: Општина Охрид  ул.,, Димитар Влахов“  бр. 57 – Охрид , во затворен коверт  со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички стипендии“
 
 
Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.

ПРИЈАВА

ИЗЈАВА РОДИТЕЛ

ИЗЈАВА РОДИТЕЛ

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1481  пати
Објавено на: 24.09.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©