Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА ВИДЕА ЗА ОХРИД КАКО ГРАД СО ПРИРОДНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
Untitled Document

Општина Охрид објавува Јавен повик за изработка на видеа на тема : “Кога  би имале еден ден во град со културно наследство”, во рамки на организацијата на градови со природно и културно наследство “ORGANIZATION OF WORLD HERITAGE CITIES “ (OWHC).

OWHC оваа година го спроведува петтото издание на интернационалниот натпревар за видео продукција.

Овој натпревар е наменет за две групи на млади луѓе и тоа : првата група се однесува на млади од 14 до 17 години, а втората  од 18 до 21 година.

Градовите кои се регистрирани во OWHC  мрежата  се поканети  да продуцираат видео во  времетраење најмногу до 5 минути на тема “ Кога би имале само еден ден во град со природно и културно наследство” и истото треба да биде објавено на Youtube cannel на  OWHC  мрежата.

Прочитано:  732  пати
Објавено на: 01.10.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©