Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТВУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ
Untitled Document

По повод  24-ти Мај- Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, утре во 10 часот и 30 минути, во Домот на култура во населбата Кошишта ќе се одржи панахида за Светите браќа, а потоа концерт ќе одржи КУД „Ѓердан“ . Во 11 часот пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе, потоа пред присутните ќе се обрати градоначалникот Јован Стојаноски, а свеченоста ќе заврши со доделување на награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта. Чествувањето на денот на сесловенските просветители ќе заврши утревечер со концерт на растечката генерација македонски пијанисти, што ќе се одржи во црквата „ Света Софија“ со почеток во 19 часот и 30 минути.  

Прочитано:  1445  пати
Објавено на: 23.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©