Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА 15 ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН МУЗИЧКИ НАТПРЕВАР “ОХРИДСКИ БИСЕРИ“
Untitled Document

Со настап на младите полски музичари, виолинистката Корнелија Фигиелска и пијанистот Адам Миколај, синоќа во катедралната црква Света Софија, започна 15 интернационален музички натпревар “Охридски бисери“. Во името на локалната самоуправа, пред уметниците се обрати заменикот на градоначалникот, Ангел Јанев.


- Имам исклучителна чест и привилегија во името на градот домаќин, вечниот Охрид и во свое лично име, да го поздравам 15 издание на Интернационалниот натпревар на млади музичари “Охридски бисери“.Искрено верувам дека изминатите години, “Охридските бисери“ придонесоа кон збогатувањето на нашата духовна ризница и уште повеќе Охрид го отворија кон светот и предизвиците кои ги носи иднината. Ве уверувам дека градот Охрид ќе стори се Вашата хумана,космополитска  и универзална идеја да трае и да се збогатува и по форма и по содржина, во годините и десетлијата кои се пред нас. Убедена сум дека Охрид и охриѓани ќе ве пленат  со својот шарм, а дека публиката и учесниците ќе имаат незаборавни моменти во Вашите уметничи перформанси – истакна Јанев.


Натпреварот е во организација на Музичките и балетски педагози на Република Македонија, а од неговиот почеток во 2002 година, во натпреварувањето учествувале над 2500 музички уметници од целиот свет. На годинешново издание пријавени се 110 учесници од 15 земји од светот. Од 2005 година “Охридски бисери“ се член на престижната Европска Унија на меѓунаордни натпревари.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1359  пати
Објавено на: 16.06.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©