Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ГОДИНЕШНАТА „ОХРИДСКА СОФРА“
Untitled Document

На 30. 08. 2015 (Недела) во с. Скребатно традиционално ќе се одржи манифестацијата „Охридска Софра“, која претставува промотивен настан на традиционални рецептури за подготовка на познатото охридско ѓомлезе и друга традиционална храна. Манифестацијата претставува одлична можност за промоција на туризмот во руралните средини и збогатување на туристичката понуда на градот Охрид.
Манифестацијата ќе има натпреварувачки карактер и за таа цел обезбеден е награден фонд од 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезина при што наградата за првонаграденото ѓомлезе изнесува 10.000 денари, за второнаграденото 7.000, а за третонаграденото 3.000 денари.
За таа цел сите заинтересирани учесници кои сакаат да бидат дел од манифестацијата ги покануваме да се пријават во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој или на тел: 046/ 230 -175 најдоцна до 21.08.2015 година.               

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1322  пати
Објавено на: 05.08.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©