Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИЗВИДНИЦИТЕ ВО СТРОЈ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ
Untitled Document

Претставници на извиднички одред “Пионер“, денес беа примени од градоначалникот Бакрачески. На средбата извидниците го запознаа градоначалникот Бакрачески со нивните активности и плановите за оваа година, како и за нивното учество на големата извидничка смотра што ќе се одржи од 20 - 28 јули во Охрид.

Градоначалникот Бакрачески ја истакна подготвеноста на локалната самоуправа во рамките на своите можности, да ги помогне активностите на најмладиот извиднички одред во градов, како невладина организација која го развива и негува позитивниот однос на најмладите кон природата и татковината.

Извидниците од “Пионер“ го поканија градоначалникот Бакрачески да присуствува на големата извидничка смотра во Скребатно на 20 јули и при тоа му подарија извидничка марама со логото на извидничкиот одред “Пионер“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1268  пати
Објавено на: 17.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©