Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОБИКОЛКА НА ПОПЛАВЕНИТЕ ОБЈЕКТИ
Untitled Document

По неодамнешните поплави, градоначалникот Никола Бакрачески со своите соработници, денеска посети неколку поплавени објекти на улиците „ Стив Наумов“ , „ Аџи Мустафа“ во населбата Лескајца и „ Сатеска“ во населбата Далјан.Оваа обиколка е реализирање на ветувањето  на градоначалникот Бакрачески, дека Локалната самоуправа и јавните претпријатија, ќе бидат во постојана комуникација со граѓаните кои претрпеа штети од поплавите.

-Екипите на нашите јавни претпријатија, за време на интензивните врнежи од дожд и снег веднаш интервенира на терен и како што најавивме, одтогаш до денес сме во постојана комуникација со жителите од критичните места. Ние денеска правиме обиколка, потоа ќе следи проценка на направените штети и помош од страна на општина Охрид со финансиски средства или материјали за санирање на последиците од поплавите.Ние и во иднина ќе бидеме со нашите граѓани кои ќе се најдат во ваква ситуација. Од самиот почеток,  Локалната самоуправа ,заедно со јавните   претпријатија, будно ги следи состојбите и целосно сме подготвени да се справиме со евентуални нови поплави-  рече градоначалникот Никола Бакрачески.

При обиколката, граѓаните што се соочија со поплавите  изразија благодарност до градоначалникот Бакрачески и екипите на јавните претпријатија кои брзо интервенираа. „ Имаше околу триесетина сантиметри вода, но  благодарение на пумпата  што ја добивме  од кризниот штаб на барање на градоначалникот Никола Бакрачески, веднаш почнавме со испумпување на најдојдената вода и не дозволивме да дојде до поголеми оштетувања. Кога беше најинтензивно надоаѓањето на водата не посети градоначалникот Бакрачески со кого поразговаравме за тоа што ќе правиме доколку продолжи дождливото време, но за среќа дождовите престанаа, водата е испумпана и сега се сушат поплавените површини во дворот и подрумските простории - вели Спасе Малески,  чија куќа  беше поплавена при неодамнешните обилни врнежи од снег и дожд.

Одговарајќи на новинарско прашање, градоначалникот Бакрачески додаде дека, граѓаните на општина Охрид, доколку имаат , треба да ги пријават штетите од поплавите,  а потоа стручни комисии ќе направат проценка  за обештетување со финансиски средства  или со неопходни градежни материјали за санирање на штетите.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1317  пати
Објавено на: 09.02.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©