Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВЕЧЕНО ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА РЕНОВИРАНИОТ ОБЈЕКТ „ РАЗВИГОРЧЕ“
Untitled Document

Во рамките на одбележувањето на 8- ми септември , Денот на независноста на Република Македонија, денеска свечено беше пуштен во употреба реновираниот објект „ Развигорче“ кој е дел од детската градинка „ Јасна Ристеска“ . Реновираниот објект, во кој се згрижени 167 деца од предшколска возраст, во употреба го пушти секретарот на општина Охрид Димитар Спасески.

Реновиран е покривот на објектот „ Развигорче“ , обновен е подот, санирани се санитарните јазли, а комплетно се реконструирани две нови занимални. Во овој објект за прв пат се отвараат јасли, во кои ќе бидат згрижени 13 деца, на возраст од шест месеци до две години.

- Општина Охрид и во наредниот период максимално ќе се залага да ги обезбеди неопходните услови за згрижување на децата од претшколска возраст. Ова е прва етапа , која заедно со отворањето на дисперзирани занимални во селата Велгошти и Лескоец, ќе заврши до крајот на оваа година. Во текот на наредната година ќе бидат преземени уште поголеми активности- рече секретарот на општина Охрид Димитар Спасески.

Објектот „ Развигорче“ беше реконструиран  со помош на Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески , но и со донации од општествено одговори фирми и бизнисмени. Со ваквата практика ќе се продолжи и во реализацијата на  најавените  капитални проекти во областа на згрижувањето и воспитувањето  на најмладите во детските градинки.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1559  пати
Објавено на: 06.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©