Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА
Untitled Document

Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа 41 републички натпревар по физика за ученици од осмо и деветто одделение. Младите физичари , поделени во две категории, осмоодделенци и деветтодделенци, во времетраење од 2 часа решаваа по 5 задачи.

Во име на општина Охрид, младите физичари ги поздрави заменик градоначалникот Ангел Јанев. Тој истакна дека Охрид продуцира квалитетни кадри од оваа област кои денес се професори на најеминентните светски факултети.

-Можеби некои науки на почетокот и не ветуваат придобивки но остварување на сонот е нешто што сигурно носи придобивки. Така да овој настан и ваквите манифестации го претставуваат оној вистински пат по кој што треба да чекорат сите оние кои што сакаат да го остварат својот сон- рече Јанев.

Директорот на Основното училиште „Христо Узунов“ Тони Симоноски рече дека се горди што по одбележувањето на значајниот јубилеј 40 години од постоењето, нивното  училиште е одбрано да биде арена на младите физичари од околу 60 училишта од  Република Македонија.
На државниот натпревар по физика Охрид го претставуваа 8 ученици, а тројца од соседна Струга. Тестовите кои се работеа под шифра ги оценуваше петчлена комисија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1427  пати
Објавено на: 15.05.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©