Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ЧИСТИ РЕЧНОТО КОРИТО НА ВЕЛГОШКА РЕКА
Untitled Document

По налог на општина Охрид, а согласно испланираните годишни редовни и вонредни активности, екипите на Комуналец деновиве го расчистуваат речното корито на Велгошка Река, во близина на поранешната фабрика „Езерка„.

 Се работи комбинирано, со употреба на специјална механизација, но поради непристапноста на теренот голем дел од активностите за расчистување се одвиваат и рачно.

Се очекува да се подигнат 30м3 отпад : натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад. Со ова ќе се минимизира можноста за прелевање на водата од своето речно корито и поплавување на околното земјиште.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1232  пати
Објавено на: 02.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©