Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА ПРЕСТОЈНАТА „ БЕЛА НОЌ“
Untitled Document

Општина Охрид,  до граѓаните, особено до  оние  кои живеат во стариот дел на градот, упатува апел за разбирање во врска со бројните настани кои ќе се одржат во рамките на манифестацијата „ Бела ноќ“ .Во  сабота, на 14-ти јули ќе има многу гости, а главниот дел од забавата ќе биде во самиот центар на градот. Сето тоа повлекува и соодветно озвучување и осветлување. Станува збор за една вечер и би сакале да направиме вистински спектакл, каков што градот навистина заслужува за вистински старт на главната туристичка сезона.

Охрид е туристички град и би требало најискрено сите да помогнат, барем и со разбирање, градот да живее во еден здив и со насмевка и подадена рака за да се остави впечаток на добри домаќини, на град кој максимално заслужува да биде наречен - најголемиот туристички центар во државата и многу подалеку.

Прочитано:  553  пати
Објавено на: 11.07.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©