Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОМОЦИЈА НА ОХРИД ВО РЕПУБЛИКА КИНА
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид Никола  Бакрачески во  рамки на  неколку дневната работна посета во   Шенжен –Република  Кина, вчера  оствари средба со висока делегација на регионалните власти предводена од заменик градоначалникот  на Шенжен   Ву Јихуан, која воедно е  и шеф на Секторот за образование, култура, спорт и здравствена политика во локалниот Конгрес на провинцијата. На работната средба  се разговараше за можностите за етаблирање на идна долгорочна соработка во делот на образованието преку размена на студенти и професорски кадар. Се разгледуваа и можностите за продолжување на  воспоставената соработка меѓу  Охрид и    Шенжен,  на полето на културата со  перманентно гостување на музичари, уметници  и артисти во двата града наизменично. Се разговараше и   за можностите за инвестирање во објекти за здравствен туризам на брегот од Охридското езеро.


Градоначалникот Бакрачески ги запозна домаќините од Кина  со можностите што Владата на Република Македонија и Локалната самоуправа на Охрид ги нудат во делот на реализација на странски инвестиции посебно во делот на ИТ -технологиите, лесна незагадувачка индустрија и во делот на градба на луксузни хотелски комплекси.
Во рамки на посетата,градоначалникот Бакрачески  од страна на директорот на одделот за јавна администрација  Лију Ју, беше запознаен  со начинот на работа на јавниот сервис и локалната администрација во Шенжен.


Попладнето градоначалникот  Бакрачески   заедно  со директорот на Бирото за меѓународна соработка  Фион Јанг, со директорот на секторот за надворешна размена на полето на културата ,  Динг Жо Џијан  и шефот на Бирото за туризам, Чен Бијао , беше на работен ручек   при што  се разговараше за можноста за привлекување на туристи од Република  Кина во Охрид.   Кинеските делегати   беа запознати  со културните и природни вредности на Охрид како и со охридското историско, духовно и културно наследство а беа  информирани и за субвенциите што Владата на Република Македонија ги дава на странските гости кои континуирано повеќе од три дена престојуваат во Македонија. Од страна на  домаќините од Кина  беше покажан силен интерес за соработка на ова поле и договорено е преку амбасадата на Република Кина заедно со Локалната самоуправа да се организира групна презентација на туристичката понуда на Охрид за кинеските тур- оператори и новинари која на  почеток на наредната година би се случила во Охрид.


 Градот Шенжен е со популација од 15 милиони жители . Станува збор за  еден од  најмодерните  градови  во Кина, со најбрза  растечка економија, во кој се стационирани над 3 000 компании за висока технологија.  Шенжен е еден од четирите најголеми градови пристаништа во светот, со годишна размена од 537 милијарди долари, чиј економски прираст во последните години изнесува дури 25% годишно а има GDP по глава на жител од 20.000 долари.


Пријателските односи меѓу Охрид и Шенжен беа зацврстени по вечерта посветена на кинеската музика  на годинешното  издание на фестивалот “Охридско Лето“, по што амбасада на Република Кина  во Република Македонија иницираше  посетата на градоначалникот Бакрачески во оваа  земја.  

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1338  пати
Објавено на: 25.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©