Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НОВОГОДИШНА СРЕДБА ВО ЦРВЕН КРСТ ОХРИД
Untitled Document

Денес во просториите на Црвен Крст Охрид, се одржа традиционалната Новогодишна средба со волонтерите, пријателите и помагателите на оваа хуманитарна организација. Претседателот, Сашо  Точков истакна дека годината на изминување може да се оцени како добра во однос на реализија на зацртаната програма и хуманите акции кои беа организирани од Црвен Крст Охрид. Истакнувајќи ја одличната соработка со локалната самоуправа и фирмите во градов, Точков посака и во новата 2017 година, секој од нас да го најде доброволецот во нас, за уште поуспешно и поефикасно делување на општинската организација.

Во името на Општина Охрид, претседателката на Советот на Општина, Гордана Коњановска, прима благодарници за успешната соработка во акциите за “Недела на борба против гладта“и “Посреќно детство“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1398  пати
Објавено на: 28.12.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©