Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОДОЛЖИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРТНЕРСКИ ПРОЕКТ LAKTIVE TOURISM
Untitled Document

Во рамките на продолжителните активности  на европскиот проект LAKtive Tourism од COSME Програмата на Европската Унија, во Охрид престојуваше група на туристи сениори од Шпанија, како и делегација  на Општина Манзанарес  Ел Реал предводена од Градоначалникот на Општината.

Општина Манзанарес Ел Реал и Општина Охрид се дел од Европската мрежа на езера сo седиште во Италија и партнери во европскиот проект LAKtive Tourism заедно со партнерски општини од Словенија, Ирска и Италија.
Главната цел на овој проект е продолжување на туристичката сезона со патувања на туристи сениори во ниска и средна сезона, како и креирање на туристички производи во согласност со спецификите на туристичките дестинации.

Европската Комисија изрази посебно задоволство за  продолжителните активности на овој европски проект, кој според нив има големи потенцијали за развојот на туризмот и продолжувањето на туристичката сезона.
Туристите од Шпанија беа одушевени од  културното и  природно наследство на Охрид, нашите традиции, култура, музика, традиционалната храна и  разновидноста на  туристичка понуда. 

Прочитано:  1474  пати
Објавено на: 11.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©