Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВРЕДНА ДОНАЦИЈА ЗА ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ПРИ ОПШТАТА БОЛНИЦА
Untitled Document

Претставници од општина Охрид, предводени од претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњановска и заменик градоначалникот Ангел Јанев, присуствуваа на чинот на примо предавање на опремата што Ротари клубот од Охрид ја донираше за детското одделение при Општата Болница.

 Станува збор за донација од медицинска опрема во вредност од 40 илјади евра.
Новата опрема се состои од повеќе современи медицински апарати на познати светски производители. Донацијата е обезбедена преку соработка во рамки на Ротари фондацијата на Меѓународната ротари организација и неколку ротари- клубови од Италија, Шведска и Србија.

Неодамна Ротари- клубот од Охрид преку слична акција обезбеди средства со кои беа целосно реновирани шест соби на детското одделение на Општата болница во Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1311  пати
Објавено на: 18.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©