Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
АСФАЛТИРАНА УЛИЦА КАЈ ОХРИДАТИ
Untitled Document

Во рамките на годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици а по склучениот договор за работа помеѓу општина Охрид и изведувачот АС Сењак од Кичево,надлежните служби на општината деновиве отпочнаа со асфалтирање на повеќе пристапни улици и патишта во поширокото централно градско подрачје.
За прв пат асфалтиран е  крак од  улицата „Партизанска“,непосредно зад хотелските комплекси по крајбрежјето на Охридската ривиера во населбата „Охридати“ .
Со поставувањето на асфалтот на крак од оваа улица ќе се надминат децениските проблеми на жителите што живеат и гравитираат на овој фреквентен потег од градот,но и проблемите на комерцијалните објекти што се наоѓаат на овој потег.
Асфалтирањето на овој потег се изведува во рамките на Програмата за асфалтирање на пристапни улици и патишта на територијата на Општина Охрид,а чини околу 640 000 денари,средства во целост обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1359  пати
Објавено на: 18.04.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©