Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
О Г Л А С БР. 06/2017 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА
Untitled Document

Врз основа начлен 79, член 80, член 80А и член 81од Законот за градење („Сл.весник на РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13,163/13, 27/14, 28/14,42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 31/16, 39/16, 71/16 и 132/16),член 34 од Статутот на општина Охрид  и Одлуката за усвојување на годишната програма  за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2017 год. бр. 08-17974/28 од 01.12.2016 (Сл.гласник на општина Охрид бр. 22/16),Градоначалникот на   Општина Охрид објавува:
 


О Г Л А С БР. 06/2017
ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА


 
1.      Општина Охрид издава површини за поставување на урбана опрема за комерцијално користење.
2.      Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:

 
2.1  ПРОДАЖБА НА ХРАНА 2 ЛОКАЦИИ;
Локациите за поставување на урбана опрема за продажба на храна се лоцирани на ул ,,Цар Самоил,,(во непосредна близина на куќата на Робевци)  и ,,Градскиот плоштад,, (во непосредна близина на рибниот ресторан).
Локација од од по 4 м2.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2017 година.
 
3.      Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) денови.
 
4.      Почетна  цена за издавање на локација е:

-          локација за поставување на урбана опрема за продажба на храна со димензии 4 м2 почетната цена изнесува 5.000.оо (петилјади) денари/месечно по локација;
 
4.1 Почетната цена за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.
4.2 Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија и користење на унифицираната тезга.
4.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
4.4 Трошокот за комунална такса изнесува 7 (седум) денари од м2 дневно.
4.5 Договорите со најповолните понудувачи  заточка 2.1, ќе се склучуваат за период од 90 (деведесет) денови.
4.6 Поставувањето на урбаната опрема ќе отпочне по склучување на договорот  и добивање на одобрение од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.
 
 
 
5.      Доставување на понуди
5.1 Понуди можат да достават физички и правни лица регистрирани за вршење на дејноста наведена во точка 2 од овој оглас.
5.2 Понудувачот треба да достави:
Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на општина Охрид или на веб страната на општината www.ohrid.gov.mk
Уплатница на име депозит за учество на износ од3.000.оо (триилјади) денари.
Уплатата се врши на следната сметка:
 
Трезорска сметка:  1000000063095
Уплатна сметка:  84015206553
Приходна шифра:  723914 Програма 00
                       
Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на РМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение (не постар од 6 месеци);
Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);
Понудите по точките 2.1 да бидат со важност од 90 денови.
Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека учесниците кои ќе добијат локација  на јавното наддавање ќе биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.
 
6.      Начин на доставување на понуда

Понудата треба да се достави во затворен коверт со назнака:
„НЕ ОТВОРАЈ“
Општина Охрид
Комисија за спроведување на постапка за издавање на
времено користење на површини за поставување
на урбана опрема бр. 06/2017
Дел:______________ ,Локација бр.__________
(се внесува делоти бројот на локацијата за кој понудувачот учествува, на пример 2.1 продажба на  храна, Локација  ..............................)
ул: „Димитар Влахов“ бр.57
6000 Охрид
 
 
Пример за адресирање на плик за достава на понуда:
 
„НЕ ОТВОРАЈ“
„Да не се отвора пред
30.06.2017год.
15.00 часот.
Оглас бр.06/2017
Општина Охрид 
Комисија за спроведување на постапка за издавање на времено користење на површини за поставување на урбана опрема бр. 06/2017
Дел:_______, Локација бр.__________
(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува)
ул „Димитар Влахов“ бр. 57
6000 Охрид
 
Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на општина Охрид.
Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или гинење на истата.
 
 
7.      Начин на отворање
Понудите да се достават најдоцна до  30.06.2017во 15.00 часот.
Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените понуди.
За денот и часот  на јавното наддавање учесниците ќе бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на општина Охрид..
За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за локација под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 5.2.
 
8.      Предмет на јавно наддавање
Предмет на јавно наддавање е тримесечната конечна цена;
 
9.      Склучување на договор
Најповолниот понудувач е должен во рок од 8 дена од денот на добивање на Решението за избор на најповолен понудувач да склучи Договор за закуп, а најдоцна во рок од 8 дена по склучување на Договорот за закуп да ги измири трошоците наведени во договорот, вклучително и комуналната такса. Воспротивно Договорот нема да произведува никакво правно дејство.
 
 
Деталната местоположба на микролокациите може да се види на web страна на општина Охрид – графички прилог или секој работен ден од 15.00-16.00 часот во просториите на општина Охрид.

ИЗВОД БР. 1

ИЗВОД БР.2

ОБРАЗЕЦ ПОНУДА ХРАНА

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1369  пати
Објавено на: 16.06.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©