Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ОХРИД ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ ЗЕЛЕНАТА НЕДЕЛА
Untitled Document

Вo рамки на одбележувањето  на Зелената недела на ЕУ, “Инвестирање за позелена иднина“ , Општина Охрид во соработка со Делегацијата на ЕУ,  утре со почеток во 11:30 часот во просториите на ЈОУДГ "Јасна Ристеска"  организираат изложба на фотографии .
 
Фотографиите ќе бидат со еколошки мотиви од Охрид и охридскиот регион.
 
Целта на овој настан е зајакнување на јавната свест за потребите од зачувување на еколошките вредности на Охрид и охридскиот регион вклучително и Националниот Парк Галичица и Охридското Езеро, валоризација на биодиверзитетот и природните вредности и реткости како и едукација на најмалите за потребата од зачувување на животната средина.
 
Во рамки на проектот испечатени се и флаери со цел подобро запознавање со еколошките вредности на  охридскиот регион и потребата од неговото идно сочувување и запознавање на најмалите со значењето од зачувувањето на животната околина и создавање на навики за висока еколошка свест.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1349  пати
Објавено на: 15.06.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©