Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ПАТ ВАПИЛА – ЛИВОИШТА
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска свечено го пушти во употреба целосно  реконструираниот пат што ги поврзува охридските села Вапила и Ливоишта  долг   околу 2 километри.

Реализацијата на проектот е од суштинско значење затоа што допринесува во  подобрување на условите за живот на мештаните  од една страна  и обезбедува   развој на селските средини кои во минатото биле заборавени или запоставени од локалните власти.

Ако пред две години дојдовме тука точно на ова место каде што не пресретна веселата детска насмевка кога го означувавме почетокот на школската година во реконструираното подрачно училиште „Ванчо Николески“во Ливоишта, денес повторно тука не огреа сонце од веселиот и задоволен израз на вашите лица по успешно реализираниот проект кој се однесува на реконструкција на локалниот пат    Вапила - Ливоишта. Патот е долг околу 2 километри и е потполно реконструиран, проширен за еден метар со банкини  по целата должина. Овој проект го реализиравме со финансиска помош од Агенцијата за поддршка на руралниот развој при Владата на РМ, по проект аплициран од страна на Општина Охрид. Вкупната вредност на проектот е 8 милиони денари, средства кои можеби не се премногу високи но значат многу за рурални средини во кои претходно никој не вложувал- истакна во своето поздравно обраќање пред насобраниот народ во Ливоишта, градоначалникот Никола Бакрачески  потсетувајќи дека на почетокот на 2015 година во  овој регион беше  реконструиран  патниот правец Вапила – Сирула во должина од 1 700 метри а  беше  изграден и потполно нов асфалтиран пат во должина од 2 394 метри и  реконструирани беа  8  улички во село Косел.

Наредниов период со поддршка на Владата на Р. Македонија односно министерството за финансии а преку проекти одобрени од Светска Банка за кои што општина Охрид поднесе своја апликација имаме намера да го реконструираме остатокот  од патниот правец Косел – Ливоишта- најави градоначалникот Бакрачески.

 Претседателот на МЗ Ливоишта, Иван Ангелески упати благодарност до градоначалникот и општината за проектот кој е од суштинско значење за селата Вапила- Ливоишта. .

Упатувам благодарност  до локалната власт на општина Охрид на чело со градоначалникот Никола Бакрачески затоа што се залагаат нашето село  да добие  подобрена инфраструктура, место каде може да се населуваат тие кои се иселени. Ова село е оддалечено само  12 километри од срцето на градот Охрид. Не сме многу далеку и можеме својата иднина да ја градиме тука а вакви проекти се во полза на нашите определби – истакна Ангелоски.

Општина Охрид и во наредниов период  ќе реализира проекти  кои се од витално значење за луѓето во селските и приградски населби Надлежните и во иднина не отстапуваат од  зацртаната стратегија за рамномерен развој на цела општина.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1366  пати
Објавено на: 29.03.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©