Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО КОКТЕЛ ВО ХОТЕЛОТ “ГАРДЕН“ НАЈАВЕН ФЕСТИВАЛОТ “ОХРИДСКО ЛЕТО“
Untitled Document

Со пригоден коктел во х.“Гарден“, синоќа во организација на Општина Охрид и “Охридско Лето“, беше  најавена годинешната програма на фестивалот и големата оперска ѕвезда Дмитри Хворостовски, со која денес се отвора 53-то издание на нашата најреномирана музичко – сценска манифестација.

Ваквиот приод на менаџментот на фестивалот, ја потврдува добрата соработка со донаторите и пријателите на “Охридско Лето“, за успешна организација на вакви врвни културни настани, од кои бенефит имаат и донаторите и спонзорите на манифестацијата.
Градоначалникот Бакрачески во изјава за ТВ Сител, го истакна големото значење што фестивалот го има за Охрид и Македонија и изрази уверување дека и годинешното издание ќе ги задоволи највисоките уметнички  критериуми и вкусовите на публиката.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1249  пати
Објавено на: 12.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©