Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОМОВИРАНО ЦД ИЗДАНИЕ ЗА ПРЛИЧЕВ
Untitled Document

Заменик, градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев заедно со своите сограѓани, присуствуваше на промоцијата  на ЦД изданието  за животот и делото на Прличев, по објавувањето на поемата „ Сердарот“ што денеска  се одржа во НУ Библиотека “Григор Прличев“  со што  започна  годинешната  манифестацијата “Прличеви беседи “.

Ова издание заедно со ЦД-то кое во рамки на истата манифестација беше промовирано минатата година, а кое се однесува на детството и младешките години на поетот до објавувањето на поемата “Сердар“, представуваат прв материјал кој го поседува библиотеката во аудио форма а кој се однесува на животот и делото на поетот од неговото раѓање до смртта.

Издавањето на ова ЦД е помогнато од Министерството за Култура на Република Македонија, во рамки на проектот “Прличеви Беседи“. Комплетен автор на истото е Александра Белевска, а техничката обработка е на Славчо Спростран.

Свеченостите по повод “Прличевите Беседи“, продолжуваат попладнево и во текот на утрешниот ден.     

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1362  пати
Објавено на: 05.02.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©